Групна тепачка во ноќен клуб во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи информира за групна тепачка која рано утрово се случила во ноќен клуб во центарот на Скопје. 

- На 23.02.2020 во 01,30 часот пво СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Димитрие Чуповски“ Б.Ф.(23), А.Ч.(23), Л.Б.(30) и М.Ч.(24) сите од Скопје поради претходно недоразбирање физички ги нападнале Ф.П.(20) М.П.(22) двајцата од с.Бразда,скопско, А.С.(21) од с. Шишево,скопско, С.Ј.(20) од Скопје и Б.Р.(18) од с.Батинци,скопско, се вели во полицискиот билтен. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.