Групна тепачка вчера на Гинекологија, четворица мажи се пресметале со клоци и тупаници

Вчера во 14.25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Клиниката за гинекологија бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Б.С. (51) и С.С. (33) од една страна и А.А. (30) и А.С. (27) од друга страна разменувајќи си удари со раце и нозе во пределот на главата и телото.

Направени се четири записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.