
Доцна синоќа бил нарушен јавниот ред и мир во Карпош. Едно лице е уапсено затоа што бил агресивен кон полицаци на должност.
- На 29.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.И.(41) од една страна и М.С.(50) и Ѓ.П.(42), од друга страна, сите од Скопје. Исто така, Б.И. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, по што бил приведен во полициска станица, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.