Групна тепачка синоќа помеѓу возрасни жени во Кисела Вода

Групна тепачка се случила синоќа во Кисела Вода, во која учевствувале повеќе жени.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу  66-годишната Н.Т., 38-годишната И.Т., 30-годишната А.Н, М.Н.(85), М.К. (62) и С.Н.(59), сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.