Групна тепачка помеѓу шест лица го нарушила јавниот ред и мир во Батинци

Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Батинци, скопско, бил нарушен јавниот ред со физичка пресметка помеѓу повеќе лица.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во пресметаката учествувале Б.Д.(38) и В.Д.(30), од една страна и С.М.(27), Д.М.(33), Д.М.(38) и С.М.(44), од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.