Групна тепачка ноќеска во Тетово: Двајца завршиле во болница со убодни рани од нож, други двајца сами се пријавиле во полиција

Синоќа во 23:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека пред угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово настанала физичка пресметка помеѓу две групи, при што бил употребен и нож.

Притоа, како што се наведува во полицискиот билтен, со убодни рани се здобиле Е.М.(20) и А.Р.(20), двајцата од село Камењане.

По преземени мерки ноќеска во 01:25 часот во Клиничката болница Тетово од солбода бил лишен од слобода А.Р.(20), додека во 01:30 часот во СВР Тетово сами се пријавиле Х.Ш.(22) од село Ново Село и А.Б.(23) од село Горно Палчиште.

Тие биле лишени од слобода и задржани во полициска станица и се работи на идентификување на други лица учесници во овој настан.

Увид на место извршила екипа од СВР Тетово и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.