Група странци од Велика Британија нападнати во Скопје

На 11.05.2022 во 12.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(37) од Велика Британија  пријавил дека околу 03.30 часот пред угостителски објект на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, тој и неговите пријатели Д.И., С.Д.Х, И.С.Л. и Л.К. биле физички нападнати од четири лица, исто така, од Велика Британија, при што едно од нив со стаклен предмет му нанело повреда на раката.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.