Група пратеници утре ќе ја поднесат иницијативата за свикување на парламентот

Група пратеници утре ќе ја поднесат иницијативата за свикување на парламентот, потврдуваат за Телма собраниски извори. Скопските пратеници веќе го ставија својот потпис на иницијартивата која според нив утре ќе биде доставена до парламентот.

Иницијативата содржи две главни точки, првата е потврдување на одлуката на претседателот стево пендаровски за продолжување на вонредната состојба, втората е ставање на собранието во функција по потреба..

Со 20 пратенички потписи, може и официјално да се побара закажување на собраниска седница. Основата за ваквата иницијатива е во уставот.

Собранието е институцијата задолжена за прогласување вонредна состојба. Доколку тоа не може да заседава, претседателот на државата прогласува вонредна состојба на 30 дена, а веднаш штом ќе биде можно, треба да го извести собранието.

Минатата недела, претседателот пендаровски донесе ваква одлука по втор пат.  Според член 67 од деловникот, претседателот на собранието може да свика седница по барање на шефот на државата, на владата или на 20 пратеници, но тој не е обврзан да го направи тоа. (izvor - Telma )