Група малолетници среде ноќ напаѓале, но и фрлале со јајца по минувачи во Аеродром

 

Среде ноќ група малолетници во скопски Аеродром нападнале три лица, притоа фрлале по нив и јајца.

- На 15.03.2026 во 00:45  часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром М.Б.(22) од Битола, Б.Ќ.(23) од Струмица и Б.С.(20) од Скопје биле физички нападнати од група од малолетници, кои исто така ги удирале и со јајца, информираа од полицијата за овој инцидент. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.