Група малолетници нападнале две деца

На 13.10.2021 во 15.20 часот во Полициската станица Гази Баба, било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ двајца малолетници биле физички нападнати од повеќе малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.