Груби: Ковачевски вети и се ракувавме, Македонија ќе добие премиер Албанец

Артан Груби синоќа гостуваше во косовската телевизија „Дукаѓини“, при што кажа дека Македонија ќе добие премиер Албанец.

Груби кажа дека тоа се договориле во 2020 година, при составување на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, потпишана од Зоран Заев и Али Ахмети.

На прашањето дали тој ќе биде првиот премиер Албанец, Груби рече дека нема таква амбиција, но дека сака народот да го памети по реализацијата на коридорите 8 и 10-д, како и за патот Скопје-Блаце.

- Ковачевски на првата средба пред да биде избран, на која беше и Заев, вети дека ќе важи истиот договор што беше постигнат со Ахмети и се ракувавме. Тој рече дека во последните 100 дена, Албанец или Албанка ќе биде премиер на Македонија, кажа Груби.