Грозоморен чин: Обесени кучиња во Ново Лисиче

Обесени кучиња е моменталната слика со која се соочиле жители од Ново Лисиче, а кои со денови ги барале маалските миленици, алармираат од Анима Мунди.

-Тие својот последен здив го испуштија зад  Фудбалски сојуз на Македонија, со сајли околу вратот кои при секое движење и обид да се извлечат затегаат се повеќе; умирале во болка од задушување и прережан грклан, бавно но сигурно,  без да имаат било каква шанса да се спасат. Сликите се од Сивче, Брзи и Миле, маалски кутриња и верни пријатели на многу локални жители, велат од Анима Мунди.

Тие додаваат дека сајлите се поставени на локација каде секојдневно шетаат граѓани и деца, поради што предупредуваат дека се исклучително опасни.

-За тоа колкав е ризикот од нив кажува Иван Вучетиќ, секретар на ловно друштво „Елен“ од Струмица, односно тој вели дека  доколку со глава падне дете тоа не би имало никаква шанса да се спаси и преживее. Поточно тврди дека кога ќе се затегне стапицата нема спас, објануваат од здружението.

Тие грозоморниот чин го пријавиле во полиција, но немаат надеж дека нешто ќе се смени, бидејќи како што велат сајлите и понатаму се поставуваат.

-Што уште треба да се случи за да полицијата ја сфати сериозноста на оваа ситуација и превземе истрага и сериозни чекори да ваквите дела – кои може да ги направи само психопат – се констатираат а сторителот биде санкциониран, најстрого казнет?!!, велат од Ан Оттаму додаваат дека труењата се случуваат истовремено, синхронизирано. поради што сметаат дека удел имаат и општините.

-Порачуваме итно да запрат и итно да преземат мерки за истрага и приведување на сторителите, кои вршат повеќе прекршоци и сериозно кривично дело, казниво со казна затвор!, велат од здружението за заштита на животните.