Грмотевици и дождови, променливо и нестабилно време

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ=7

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено до пладневните часови. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Од недела до вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.