Грмежи, ветер и силен дожд над Скопје

Во моментов Скопје е зафатено силен дожд, и грмотевици пропратени со ветер.

Како што беше најавено за денеска попладне се очекува промена на времето. Најавен е  пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на локално ниво е можна појава на невреме со град.

Според последните информации, во моментов слично време има во источниот дел на земјата.

Од градовите нестабилно е во Пробиштип, а големо невреме го зафати Штип. Во моментов нестабилно со локален пороен дожд и грмежи е во источните делови на Македонија, од подрачјето источно од Куманово, се до Беласица, претежно во планинските подрачја.