Во моментов Скопје е зафатено од силен дожд и грмотевици.
За денеска УХМР издаде предупредување од жолта фаза и услови за нестабилна облачност, проследена со грмежи и со краткотраен пороен дожд.
Се очекува пообилни врнежи да има во западните делови на земјава каде е можно да наврнат 25 литри на метар квадратен воден талог.
Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.
Потоа во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.