Грмежи и силен дожд над Скопје

Во моментов Скопје е зафатено од силен дожд и грмотевици.

За денеска УХМР издаде предупредување од жолта фаза и услови за нестабилна облачност, проследена со грмежи и со краткотраен пороен дожд.

Се очекува пообилни врнежи да има во западните делови на земјава каде е можно да наврнат 25 литри на метар квадратен воден талог.

Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.

Потоа во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.