Грковска: Не ни требаат реформи на хартија, туку ефикасна борба против корупцијата

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска кажа дека е потребна ефикасна борба против корупцијата.

-Сите ние во оваа сала сме одговорни за состојбите во државата, вклучително и за степенот на корупција. Денеска на меѓународниот ден на борбата против  корупцијата 9 декември, мора отворено да разговараме за слабостите во системот во делот на корупцијата. Нас не ни требаат реформи на хартија, ни требаат суштински реформи кои ќе значат исполнување на стандардите за членство во Европската Унија, но и ќе овозможат позитивни промени за граѓаните, порача Грковска.

Вицепремиерката кажа дека не може некој да го руши системот од внатре, а за тоа да нема одговорност. 
„Во повеќе наврати кажав дека нема да бидам политички коректна, особено имајќи ги предвид случувањата во правосудството. Не може некој да го руши системот од внатре, а за тоа да се нема одговорност. Независноста која ја дава Уставот не смее да биде сфатена како привилегија, како изговор за самоволие. Таа независност дава уште поголема обврска и уште поголема одговорност“, вели вицепремиерката.