Грипот ги празни училиштата и градинките – совети за заштита

Преовладува сезона на грип. Болниците се полни со пациенти, а градинките и училиштата се празни.

Регистрирани се број на заболени на инфекции на дишните патишта како и од грип. Како најчести симптоми се пред се висока температура што не се симнува и по неколку дена и силна кашлица.

Епидемиолозите препорачуваат да се подигнат општите хигиенски мерки за заштита од грип и најавуваат дека пикот на ова заболување допрва доаѓа.

Надлежните лица апелираат во училишта и градинки просториите редовно да се проветруваат, бидејќи така многу лесно доаѓа до ширење на респираторни инфекции.

Истите апелираат до родителите, болните деца да седат дома за да нема ширење на грипот, топли напитоци и витамин ц и никако антибиотици на своја рака.