Грипот ги полни болниците

Грипот почна да ги полни болничките соби. На Клиниката за инфективни болести изминатите денови хоспитализирале 11 лица на кои поради компликациите од вирусот им било неопходно болничко лекување. Со потешка клиничка слика лекари задржале пациенти и во ГОБ 8ми септември а дваесетина деца со пневмонија поради грипот се на лекување во Детска клиника и болницата во Козле. Епидемиолозите очекуваат овој период уште повеќе да расте бројот на грипосани поради почетокот на второто полугодие за учениците.

-Овој период очекуваме да расте бројот, минатата недела веќе имаме двојно пшовеќе заболени. Биле пријавени 583 лица. Во вирусолошката лабораторија има 5 позитивни од кои три се АН1Н1, вели др. Владимир Микиќ, пеидемиолог во ИЈЗ.

Од хоспитализираните пациенти ниту еден не бил вакциниран против грип, покажале анкетите на Институтот за јавно здравје. Засега нема забрани за посети во болниците а епидемиолозите со препорака за поголема хигиена кај учениците за да не дојде до забрзано ширење на вирусот.

-Поголема хигиена со миење на раце, тие што се со симптоми на грип да не одат на училиште, инаку нема некоја мерка која може целосно да го спречи ширењето на вирусот, вели Микиќ.

Минатата сезона во земјата циркулираше  АХ1Н1 познат како свински грип и АХ3Н2 кои беа причина за повеќе од 20 илјади заболени и триесетина смртни случаи.