Грицки со вкус на пица

Грицките се секогаш добар избор за ужина, особено ако се направени дома, од состојки кои самите ги избирате. 

А кога ќе ги споите со вкусот на пица, добивате нешто во кое сите ќе уживаат. 

Состојки:

180 гр брашно
100 гр крем сирење
50 гр путер
2 лажици кечап
Една лажичка концентрат од домати
Еден сушен домат од масло
Една жолчка
2 лажици пармезан
Сол и бибер
Оригано
Италијански зачини

Подготовка:

Измешајте го кечапот и концентратот, па додадете го сецканиот сув домат. Брашното просејте го, ставете путер и направете ровко тесто. Зачинете, ставете ја смесата со кечап и замесете тесто. 

Оставете да отстои половина час, а потоа рассукајте кора и од неа вадете форми за грицки. Секое парче намачкајте го со маслиново масло, па зачинете. 

Печете ги на 180 степени околу 15 минути.