Грицкање нокти може да има опасни последици

Тешко е да се ослободите од оваа лоша навика која не се јавува само кај децата, туку и кај возрасните. Таа навика, пред се има лоши естетски последици, како на пример деформација на прстите, но најлошите последици се оние по нашето здравје. 

Ги расипува забите
Поради оваа навика, забите се активни „прекувремено“ па со тоа може да настрата и вашиот прегриз. Имено, за време на грицкањето, забите не се во својата природна положба, слабеат и се трошат, па затоа загризот се деформира. 

Генерално штети на здравјето
Познато е дека рацете се полни со бактерии, а неретко забораваме да ги измиеме. Со грицкање на ноктите бактериите директно се внесуваат во организмот преку устата, што може да предизвика најразлични инфекции. 

Ги оштетува заноктиците
Овој процес може дополнително да се влоши бидејќи со грицкање на ноктите бактериите и микроорганизмите се внесуваат во малите абразии создадени од забите. Тоа ќе доведе до воспаление, болно црвенило или гноење на ноктите. 

Ширење на вирусни брадавици
Вирусните брадавици често се наоѓаат на рацете. Најчесто тоа се брадавици предизвикани од хумано папилома вирус, а помеѓу децата и адолесцентите особено е распространет molluscum видот на брадавици. Сите брадивици од вирусно потекло се лесно преносливи, а преку грицкањето на ноктите можат да се прошират на лицето или устата. 

Предизвикува дополнителни трошоци
Поради горенаведените причини, порано или подоцна, ќе бидете приморани да потрошите пари на забари, дерматолози и разни сретства за ублажување на последиците. Па, подобро обидете се да се ослободите од оваа лоша навика која не ви носи ништо позитивно.