Грешат ли пациентите кои велат дека се жртви на лекарска грешка, анализира новинарката Симоновска

Јавноста во шок по најновиот немил настан во македонското здравство откако во битолската болница почина 6-годишната Јана Христовска, откако била донесена со симптоми на настинка. Нејзините родители сведочеа дека на Јана и била дадена глукоза преку инфузија иако шеќерот и бил 9. 

Новинарката Мирослава Симоновска, која го следи секторот здравство, со свој став на социјалните мрежи. 

-Сакале верувале, сакале не верувале, ама фактите се дека „сите лекари во исти кош“ ги ставија самите лекари, а не граѓаните. Зошто? Па, многу е едноставно. Со секој стучен надзор кој не кореспондира на стручноста. Со секое „дебел бил“, „абе не идел во болница тој“, „имала коморбидитети“ и „ѝ го спасивме животот кога ѝ ги вадевме матката, бубрегот и јајникот“. А во ставањето на сите лекари во исти кош придонесе несомнено и Лекарската комора со нејзините нетранспарентни, спори и неажурни надзори, од кои толку многу се срами, што кога ќе ги заврши после години и години време, не доставува извештај на пациентот, зашто е свесна дека пациентот ќе биде многу незадоволен од тој извештај. А не сум чула лекар да е незадоволен од извештај на Лекарската комора. Сите си се задоволни. Јасно е дека Лекарската комора е затрупана во лавина предмети за лекарски грешки. Може да манипулираат колку сакаат ама предмети имаат стотици на број. Дополнително прашање е колку предмети седат во фиоките на Министерството за здравство и воопшто не се препратени во Лекарската комора. Тоа е. Воопшто не кажувам дека сите од овие предмети значат дека за секој од нив имало лекарска грешка. Но, не е статистички можно ниеден од нив да немал лекарска грешка. Таа неспремност да се искритикуваат своите меѓу белите мантили, придонесува „сите да одат во ист кош“.

И секако, последен што придонесува „сите лекари да одат во ист кош“ е судот, кој кога ќе утврди дека има лекарска грешка базирано на вештачење од патолози и судски вештаци, сепак решава да ги спаси грешниците, на начин што ќе напише дека „таа јатрогена повреда е честа, се случува во 30 посто од случаите“ и затоа таа грешка не е за казнување. И така во круг, преку матки, јајници, бубрези, гради, до деца со оштетено здравје, зашто додека биле на силни антибиотици, им биле дадени вакцини. Дефинитивно е дека чекањето надзор над надзор и одолговлекувањето и немањето одговор за ниеден случај, доведува до ова нетрпение и лоша перцепција. Извинете ама која е веројатноста 100 проценти од пациентите да грешат кога велат дека им е сторена повреда поради лекарска грешка?! - пишува таа на својот фејсбук профил.