Грејс Кели: Не можеш да добиеш сѐ ако не направиш ништо

Грејс Кели ја започна кариерата како американска актерка, а го заврши својот живот како принцезата на Монако. Тоа е доказ дека имала убав живот, како од бајките.

Ова се нејзините најпознати мисли.

Лутењето не решава ништо, не ви носи ништо добро.

Сакам бисери на екранот, но  и во мојот живот.

Сакам да пешачам. Сакам да го правам тоа сама. Тоа е мојата терапија. Една личност мора да биде сама за да може да ги наполни своите батерии.

Не сакам да гледам назад. Ги сакам добрите спомени повеќе од каењето.

Мојот татко имаше убав поглед на животот: Не можеш да добиеш сѐ ако не направиш ништо. Сѐ мора да биде заслужено со работа, истрајност и искреност.

Жените можат да постигнат сѐ што ќе посакаат.

Никогаш не велам никогаш и никогаш не велам секогаш.