Грејната сезона за 170 објекти во Скопје нема да почне

ЕСМ соопштува дека за 170 објекти во Скопје грејната сезона нема да почне. Причините за ова се што 27 објекти имаат прекин на довод на струја во топлинските станици, во други 43 објекти екипите немаат пристап до топлинските станици, а 100 објекти засега не можат да добијат испорака на топлина од системот за централно греење поради дефекти во внатрешните инсталации

Компанијата ги повика потрошувачите и заедниците на сопственици да соработуваат, за успешен старт на грејната сезона на 15 октомври. За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100.