Грејната сезона ќе започне порано - Парно греење ќе има од сабота

Грејната сезона ќе подрани, веќе од сабота се очекува да биде пуштено парното греење.

Иако вообичаено грејната сезона стартува од 15 октомври поради ниските температури кои се најавуваат за викенд таа ќе започне од сабота.

Регулаторната комисија за енергетика веќе го има известено Балкан Енерџи Груп компанијата која скопјани ги снабдува со топлинска енергија. Прописите дозволуваат порано да се пушти греење но не пред први октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е помала или еднаква на 12 степени.