Греби брат- нагмечувај ги хаубите и крилата....овие немаат гаража

На паркингот во Расадник Кисела Вода, помеѓу зградите некој упорно ги гребе колите и ги нагмечува хаубите и крилата, се жалат станарите од околните згради.

-Чисто информативно, да се знае, да си внимавате, белки ќе го фатиме бидејќи од полицијата нема абер. Вака е веќе  2-3 недели... очигледно некој поише си ги мрзи комшиите кои немале гаража. Секој нема средства за гаража...ниту пак има доволно гаражи за сите, апелира еден член на Фејсбук групата Ѕид на сообраќајниот срам.

- На паркингот во Расадник Кисела Вода, помеѓу зградите, нема паркинг место слободно. И како жител на тој дел, вртиш пола саат за да си дојдеш дома. Не на кафе, не во кладилница, дома да си дојдеш. Тој што гребе коли и нагмечува хауби не го оправдувам, но веројатно гледате како безобразно се паркираат, блокираат влезови, тротоари, зафаќаат по 2-3 паркинг места при хоризонтално паркирање, а околу него сите дијагонално се паркираат. Ужас ни е просторот, УЖАС. А полицијата никаде ја нема. За такви гребачи и нагмечувачи да нема, треба при секое неправилно паркирање и зафаќање на тротоари да им викнеме полиција или пајак, мислам тоа е само решение, парична казна, пишува една скопјанка.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.