Грците шокирани: Навивачите на Шалке ја накитија трибината со македонски знамиња (ФОТО)

Натпреварот меѓу Шалке 04 и ПАОК, повторно во центарот на вниманието.

Откако навивачите на ПАОК на првиот натпревар кој се играше во Солун извадија транспарент на кој пишуваше: „Македонија е една и таа е тука“, браќата на „Комити“ возвратија на политичката провокација.

На реваншот натпреварот кој вчеравечер се играше во Гелзенкирхен, може да се забележи големо македонско знаме во првиот ред, како и голем број помали знамиња низ трибината.

На првиот натпревар германскиот тим славеше со 0-3, а вториот дуел заврши 1-1, резултатот кој го носи Шалке 04 во осминафиналето.