Грција ги олеснува правилата за влез на туристи од нашата држава

Грчкото министерството за туризам во текот на вчерашниот ден објави информација дека е донесена одлука со која се олеснуваат условите за влез во државата на туристи кои доаѓаат од т.н. „зелени земји“ во кои спаѓа и Македонија.  

Според информациите објавени на веб сајтот на грчкото министерството за туризам, за земјите обележани од страна на Европската унија со зелена боја ќе важат нови правила според кои ќе може во земјата да се влезе со брз тест не постар од 48 часа. Истовремено новите правила предвидуваат и за децата по 12 години да не биде потребен тест за влез во државата.

Одлуката освен за Македонија се однесува и за патниците од Србија. Таа се уште не е објавен во  службен весник, но се очекува да започне да се применува најдоцна до крајот на овој викенд со што престануваат претходните одлуки за влез во Грција.