Грци, Британци, Срби, Хрвати се дел од скопската Парада на гордоста

Стотици се собираат во Жена парк во Скопје од каде треба да стартува првата Парада на гордоста во земјава.

Забележливо е присуството на учесници на парадата од повеќе држави, има Грци, Британци, Срби, Хрвати со знамиња „Скопје Прајд“.

„Би можеле да бидеме и во поголем број, но доволно е и ова за како прва парада на годоста“, вели една учесничка на парадата на гордоста.

Има полициско обезбедување, а МВР и претходно најави дека нема да дозволи никаков инцидент или насилство при одржување на парадата. На влезот во просторот каде се собираат учесниците на парадата ги претресуваат торбите.

Според најавите, групата ќе се упати кон Градски парк како крајна дестинација, а во рамки на настанот планирани се обраќања на активисти и на претставници на невладини организации и институции, како и музичка програма.