Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020 (сабота).

Вакво известување до граничните служби на граничните премини Стар Дојран и Меџитлија било доставено од страна на грчката гранична служба од граничните премини Дојрани и Ники, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки против Ковид-19.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин Евзони.