Грчката полиција казнува доколку пушите во автомобил во кој има дете

Во екот на летната туристичка сезона оние кои патуваат со автомобил, но и како пешаци, треба да ги имаат во предвид и казните за сообраќани прекршоци доколку не ги почитуваат правилата. 

Хрватска и Грција се најригорозни земји во регионот кога станува збор за сообраќаните прекршоци. Така, на пример, минувањето на црвено во Хрватска, како и возењето под дејствот на алкохол може да ве чини до 2.700 евра. 

Во Грција задолжително ставете безбедносен појас затоа што казните се движат до 350 евра. Доколку зборувате на телефон додека возите казната е 100 евра, а за непрописно паркирање ќе платите 80 евра. Во Грција за возење под дејство на алкохол казната се движи до 1.200 ерва. 

Она што малкумина го знаат е дека грчаката полиција и казнува доколку некој патник запали цигара во автомобил во кој се превезува дете до 12 години. За овој прекршок санкцијата изнесува до 1.500 евра и одземање на возачката дозвола. 

Хрватска исто така важи за една поригорозните земји. Ова се казните за најчестите прекршоци.

возење пијан - 93,4 - 2,668 евра и затворска казна

минување на црвено - 40-2,668 евра

возење без врзан појаси - 133 евра

непрописно паркирање - 40-93 евра

зборување на телефон - 133 евра