Гратис гушкање пред ГТЦ

Гушкачите се враќаат на старата локација во градот, со нова доза љубов и радост. По повод Светскиот ден на гушкањето, во сабота пред ГТЦ во Скопје ќе има гратис гушкање.

„Со широко раширени раце, ве покануваме на уште една весела дружба, оваа сабота (20.01) од 12.30 часот меѓу Плоштадот и ГТЦ. Со нас се и моторџиите Тони и Силвана ( Гушни го светот – Embrace The World), кои по гушките во метрополата, несебично ќе ги даруваат и на сите луѓе на планетата. Ќе поминат 100.000 километри и повеќе од 45 земји, возејќи во правецот на прегратките“, велат од Гратис гушкање.