На 24ти ноември, на сцената на Македонската Опера и Балет, Државниот балет на мраз од Санкт Петербург доаѓа повторно, овојпат со изведба на претставата „Оревокршачка“ од Петар И. Чајковски. Станува збор за балетски спектакл на мраз што Државниот балет од Санкт Петербург го изедува на речиси сите светски балетски и оперски сцени. 

Минатата година, Државниот балет на мраз гостуваше со изведба на познатото балетско ремек-дело “Лебедово Езеро”и побуди голем интерес кај македонската публика. Токму поради тоа наместо планираните две претстави во МОБ, се одржаа четири, кои беа наградени со громогласни аплаузи и овации.

Билетите за овој балетски спектакл на мраз - “Оревокршачка” на мраз,ќе бидат пуштени во продажба во среда (04.10.2017 год.) и истите може да се набават преку продажната мрежа на “КупиКартиЗаСе” низ цела Македонија, Билетарата на МОБ, во “Пола Југотон”, “Југотон”, Цвеќара “Розе” - Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.