Граѓанските организации против регистрацијата на физичките лица како ДДВ обврзници

Тринаесет граѓански организации бараат од Владата да ја повлече законската обврска со која Управата за јавни приходи треба да врши службена регистрација на физичките лица како обврзници на ДДВ.

Во соопштение, граѓанските организации наведуваат дека службената регистрација  на физичките лица како обврзници на ДДВ е во спротивност со принципите на конструктивност и владеење на правото.

Оттаму меѓу другото бараат да се организира дебата за потребата физичките лица да влезат во системот на ДДВ, јасно да се разделат авторските договори кои се надвор од опфатот на ДДВ од оние авторски договори кои се консултативни и може да бидат предмет на ДДВ цели, да се надгради регистарот на физички лица обврзници на ДДВ со јасно назначување на нивната самостојна стопанска дејност, УЈП да го надгради својот административен капацитет за ефикасно спроведување на законската измена и.т.н.

Меѓу потписниците на реакцијата се Центарот за економски анализи, Finance Think, Центарот за даночна политика, Евротинк, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Фондацијата Отворено општество Македонија, Институтот за демократија Соцеатас цивилис, Транспаренси интернешнел Македонија…