Граѓанска петиција: Крај за самоволието на извршителите (видео)

Извршители, нотари и адвокати. Сите заработуваат врз грбот на граѓаните кои се страшно револтирани. Започнаа петиција за ставање крај на како што велат грабежот на луѓето.

Бројот на оштетени во извршна постапка е предолг велат во коментарите по објавените прилози на Канал 5. Сметаат дека се организирана легална мафија со цел да испумпаат огромна сума на пари од и онака сиромашниот граѓанин. За најголемиот дел од нив несфатливо е како за долг од 59 денари наплаќаат давачки од 15 илјади денари.

Или пари има за сите при што трошоците за извршување при наплата на минимален долг од само 59 денари, чинат 3990 денари а ДДВ на оваа давачка изнесува дури 648 денари. Но во постапката предвидени се средства и за нотарот или речиси 4 илјади денари. За добро завршената работа и адвокатот добива награда во висина од над 4 илјади денари додека за нотарот истата изнесува само 220 денари.

На овие средства се пресметува и камата за времето кое требало налогот да се реализира од 2 илјади денари. При што вкупно се добива сума за наплата од 15 034 денари.

Велат многу често блокираат сметки и за измислени давачки како што е камата на одамна платен долг. Ниту ги почитуваат измените кои предвидуваат пред блокада на сметка должникот да биде известен за долгот. Тоа како што коментираат се прави со цел да се зголеми рокот за камата а предметот намерно го чуваат во фиока. Често кога ќе започне судска постапка против некој од извршителите тие не ги ни чуваат документите како доказ иако законски мораат да прават архива најмалку 5 години, за да нема доказ дека предметот е држен во фиока за да се наплати голема затезна камата.