Граѓаните за религијата се информираат од медиумите наместо од свештените лица

Македонците за религија се информираат од интернет и медиумите и за себе сметаат дека се религисти информирани. Ова е резултатот од најновото национално истражување на ИПИС, порталот Религијамк и Конрад Аденауер со кое се анализира перцепцијата на граѓаните за влијанието на религијата во општеството.

26,9 отсто од испитаниците одговориле дека за религија се информираат од медиумите, 21.5 отсто од интернет, а само 8.1 отсто дознаваат од своите верски водачи. Верски книги како извор за религиско образование ги користат 21.8 отсто од испитаниците. На прашањето дали за себе сметаат дека се религиски образовани, 24осто од граѓаните одговориле позитивно, а 22% дена не се воопшто. Повеќе од половина од испитаниците или 65,2 отсто одговориле дека ги интересира или до некаде ги интересира религијата. Oд политички аспект се INTERESIRAAT само 2% од христијаните, додека оваа бројка кај муслиманите е доста повисока односно 24% од нив за религијата се интересираат исклучиво од политички аспект.

Истражувањето открива дека 69 отсто од македонските граѓани поддржуваат во образовниот систем да има предмети во кои ќе се изучува религијата а само 22 отсто сметаат дека не треба. Сепак, најголем процент или 56.1 отсто сметаат дека предметот кој треба да се изучува во училиштата треба да биде факултативен а 28,6 отсто изјавиле тој да биде задолжителен.

Ова истражување покажува дека над 70 отсто од граѓаните сметаат дека изучувањето на религијата во училиштата ќе има интегрирачки елемент, а повеќе од половината, или 57,3 отсто од испитаниците сметаат дека религиското образование може да ја промени или надгради воспитната компонента кај децата, а со оваа констатација до некаде се согласуваат и уште 23 отсто од граѓаните.

Анкетата била спроведена кон средината на октомври годинава, а во неа биле вклучени 1.137 испитаници над 18 години.