Граѓаните велат „се гледа разликата“: Неурбанизирана парцела во Долно Лисиче за две недели прерасна во модерно спортско игралиште

Граѓаните на социјалните мрежи велат „се гледа разликата“, а градоначалникот Муцунски во својата изјава потенцираше дека Долно Лисиче за само две недели добило ново спортско игралиште. Неурбанизирана парцела во оваа скопска населба за само две седмици прерасна во модерно спортско игралиште. Фотографиите и видеото од дрон го потврдуваат тоа.

Реконструкцијата и проширувањето на кошаркарското игралиште во Долно Лисиче опфати поставување нов асфалт, нови кошаркарски конструкции, пластифицирани табли, нови кошеви и обрачи, како и клупи и канти, со што тоа доби целосно нов лик и подобри услови за спорт и рекреација.

Општина Аеродром во соработка со УСАИД и општествено одговорна компанија за оваа намена обезбеди инвестиција вредна над 600.000 денари.

Со новото реновирано игралиште во Долно Лисиче младите од овој дел на Аеродром конечно добија соодветно и модерно место за спортување. Ова е еден од многуте проекти кои се планирани за Долно Лисиче. Се грижиме за еднаков развој на сите делови од Општина Аеродром.

Општината Аеродром продолжува да инвестира во образованието и спортот. Градоначалникот Муцунски заедно со лидерот на опозицијата вчера го посетија училиштето „Блаже Конески“ каде првпат од кога е изградено училиштето се инвестира во нова енергетска ефикасна фасада, а вредноста на проектот е над 100.000 евра и се смета како една значајна инвестиција во училиштето. На кровот на училиштето веќе се поставени фотоволтации. Во моментов се врши проектирање за доградба на ова основно училиште.

Веднаш по проектирањето ќе почнеме со изведба и ќе го прошириме капацитетот на училиштето, а од тоа најголем бенефит ќе имаат учениците од ова училиште, најави Муцунски на својот фејсбук профил.