Граѓаните веќе нема да поднесуваат годишни даночни пријави

УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на физичкото лице и компјутерски да му ги достави. Секој граѓанин ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци.

Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.

“Тоа значи дека УЈП ќе предлага годишна даночна пријава во електрнска форма која ќе се вика пред пополнување за да може граѓанинот да направи проверка на податоците. Се работи за подобрување на систем кој значително ќе помогне за намалување на гужвите на шалтерите, и ако добро профункционира значително ќе помогне и за зголемување на приходите во буџетото по овој основ” – рече Павле Гацов, економски аналитичар.

Гацов смета дека со новиот начин на поднесување на даночните пријави нема да се отвори простор за малверазии.

“Како и до сега така и со новиот систем со кои практично граѓаните се ослободуваат од обврската да одат на шалтер се предвидува секој кој ќе се обиде да сокрие дел од приходите остварени во текот на годината, да превземе голем ризик и може да се најде на црната листа на управата за јавни приходи” – додаде тој.

Гацов очекува новиот систем да биде добро направен и да има капацитет да опслужува над 300 илјади граѓани кои ќе имаат обврска да поднесат годишна даночна пријва и да нема откажување на системот како што неколку пати тоа се случува при поднесувњето на годишните даночни биланси од страна на сметководствените бироа.

Новиот систем на поднесување годишна даночна пријави треба да почне да фунцкионира од следната година.