„Во услови на рекордна загаденост, кога секој ден си на врвот на загаденост согласно мерачите на воздух на Министерството за животна средина, кога општината смрди и очи печат од запалени гуми, пластика, полиестер и што ли уште не, да вадиш дрва од ЕДИНСТВЕНИОТ реонски парк и да го ''масакрираш'' дел по дел за улици, згради и пристапно-сервисни улици е надвор од умот.
Садиш дрва кога ќе си под притисок на граѓаните и кога ќе се спушти темата вадиш и носиш багерите.
Џабе се сите писанија и апели, помош не стигнува од никаде, ниту од никого.
Ѓорче станува гасна комора, а никој мува не го лази.“ - напишаа ѓорчепетровци на Фејзбук групата „Ѓорче Петров“, објавувајќи видео како багер изведува градежни активности во паркот.