Граѓаните револтирани: Кога ќе заврши реконструкцијата на „Митрополит Теодосиј Гологанов“?

Пред речиси шест месеци почна реконструкцијата на „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а граѓаните се револтирани и прашуваат кога ќе биде завршен булеварот.

Реконструкцијата на булеварот опфаќа градежни работи на коловозот од 5.350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4.500 м2, нови рабници, градежни работи на целосно нова фекална канализација, изведба на нова водоводна мрежа и заменување на постоечките приклучоци со нови, ново улично осветлување со лед светилки со контролери.