Граѓаните речиси низ целата земја и денеска се разбудија во смог и чад кои се задолжителен дел од новогодишната атмосфера во нашата земја.
Иако со години граѓаните упатуваат апели до власта предводена од СДСМ да преземе нешто со загаденоста, таа не мрднува со прст.
Утрово алармантна е ситуацијата во Битола каде граѓаните се разбудија со високи 210 ПМ 10 честички на метар кубен, а во слична смрдеа се разбудија и тетовци, но и жителите на Кочани ова утро се жалат на неподнослива миризба во воздухот.
Од скопските општини најзагадено утрово е во Центар каде се измерени 121 ПМ 10 честички на метар кубен, а потоа следува и Карпош.