Граѓаните реагираат: Местата кои се наменети за уживање во Градскиот парк, постојано се изложени на вандализам

Граѓаните реагираат дека местата кои се наменети за уживање постојано се изложени на вандализам. Дел од нив  сметаат и дека надлежните треба да водат повеќе грижа и да ги  казнуваат сите оние кои несовено се однесуваат со околината.

Од град Скопје велат дека превземаат мерки, но признаваат дека оддржувањето на урбаната опрема во градов е проблем,а доказ за тоа се и секојдневните пријави. Поради тоа апелираат граѓаните да бидат совесни.

По службено документирање до Град Скопје,  се доставува информација за настанатата штета  и се превземаат мерки за реконструкција ,а во голем број случаи се поставуваат и нови клупи наместо оштетените. Апелираме до граѓаните и посетителите  на Градскиот парк да ја чуваат урбаната опрема  во интерес на заедничко добро, со цел средствата што се собираат од нив, наместо да се инвестира за обонување и замена на оштететната опрема, да се инвестира во нови заеднички добра во кои сите би уживале, велат од Град Скопје.

Според законот за прекршоци против јавниот ред и мир, секој оној кој загадува или оштетува јавни згради, чешми, извори, плажи, паркови, шеталишта или дурги јавни објекти ќе биде казнет со глоба од 100 до 400 евра.