Граѓаните прашуваат: До кога цели булевари ќе се блокираат за потребите на локалните клубови?

Цела сообраќајна лента блокирана од паркирани приватни автомобили и таксисти. Ваква е сликата на булеварот „Климент Охридски“, речиси секој  ден од неделата. Во непосредна близина на оваа локација се наоѓаат неколку популарни ноќни локали.

Граѓаните на твитер споделуваат вакви и слични фотографии и прашуваат, до кога Скопје ќе бидат заложници на локалните бизниси и до кога тие ќе би блокираат булеварите го главниот град.

Полицијата, службите на градското и општинското претпријатие речиси секојдневно поминуваат од тука, но за сега реакција од нив нема. Скопје Инфо упати неколку прашања до надлежните инсититуции, за тоа што преземаат за решавање на овој проблем.