Граѓаните поделени за отворање на кафулињата, единствени дека полицискиот час треба да биде полабав

Граѓаните се поделени во однос на прашањето дали треба да се отворат кафулињата и кафеаните, но најголем дел од нив сметаат дека полицискиот час треба да се релаксира.  Ова го покажа анкетата која Скопје Инфо ја спроведе преку инстаграм профилот

Анкетата се реализираше во текот на изминатите два дена, а во неа учествуваа околу 1000 граѓани.  50% од граѓаните сметаат дека кафулињата треба да останат отворени, а истата бројка сметаат и дека тие треба да останат затворени.  Додека на прашањето дали полицискиот час треба да се релаксира или да бидат построг, дури 76% од граѓаните одговориле дека ограничувањето на граѓаните треба да биде полабаво и дека Владата треба да го намали ограничувањето на движење. 

Владата на денешната седница треба да донесе мерки со кои ќе се релаксираат мерките за ограничување на движењето и истовремено ќе треба да се предложат мерки за отворање на угостителски објекти.