Граѓаните одговараат: Што треба да биде приоритет на градоначалниците во Скопје?

Општините добија нови градоначалници од кои граѓаните очекуваат посветена работа.

Листата на барања на граѓаните кон градоначалниците е долга, со оглед дека секој граѓанин согласно возраста и профилот, си има свои приоритетни барања.

Родителите на мали деца бараат повеќе урбани детски катчиња и училишта согласно светските стандарди.

Друга категорија на граѓани бара повеќе домови за сместување и грижа на стари лица, еко-активистите повеќе вело-патеки, а се чини дека заедничко за сите е барањето за чист воздух, хигиена и сообраќаен ред во градот.

Ги прашавме читателите „Што треба да биде приоритет на градоначалниците во Скопје?“, а еве ги нивните одговори:

-Загадениот воздух, уличните кучиња, старски домови, опремени училишта, велосипедски патеки, мирот по 23.00 часот. -Хигиената на прво место, шеталишта покрај реките да бидат чисти и големи казни за фрлање ѓубре на недозволено несто.

-Секој доказ за криминал на претходните да го искористат во тужба. Се додека никој не одговара за своите постапки нема да има ред. А така е 30години. 

-Загадениот воздуг, хигиена насекаде, не само на главните улици, решавање на сообраќаниот хаос, да се сопре нехуманото градење, воведување на комунални редари и да се обезбеди поголема безбедност на жителите.

-Зелени површини, улични кучиња, културни активности, да ја убедат Арсовска да го гради БРТ или да отпочне со градба на траса за трамвај.