Граѓаните од Гази Баба му посакаа ,,Добро утро” на градоначалникот Борис Георгиевски

Неколку видови на цвеќиња беа посадени во ударните дупки за да се испрати порака дека улиците не се безбедни и дека некој мора да превземе нешто.

Соочени со фактот дека градоначалникот Борис Георгиевски изгледа не ги гледа дупките низ улиците, граѓаните одлучија да му испратат порака на ваков начин.

Тие му посакаа „Добро утро“ на Георгиевски со засадени цвеќиња во дупките на улиците. Граѓаните го потсетуваат Георгиевски дека треба сериозно да се фати за работа!