Граѓаните на Аеродром може да се ослободат од електронскиот отпад

Општина Аеродром се вклучи во низата акцијата на „Нула отпад“, при што граѓаните имаат можност бесплатно да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад.

– Општина Аеродром во соработка со „Нула отпад“ гради систем на висока општествена одговорност и придонесува за поздрава и почиста околина. Ваквите акции имаат цел да ја зголемат свеста кај граѓаните за справувањето со опасниот отпад што ќе придонесе да се зачувува животната средина, се вели во соопштението од Општина Аеродром.