Општина Илинден отпочна со изработка на Стратешкиот документ ЛЕАП – Локален еколошки акциски план на Општина Илинден за периодот од 2025-2030 година, за таа цел се одржа јавна презентација во Домот на култура „Илинден“.
Изработката на овој документ е согласно законските обврски кои произлегувааат од законот за животна средина и согласно кои Општината е потребно да ги имплементира проектните активности во насока на подобрување на животната средина.
Овој документ е значаен за заштита и унапредување на животната средина и природата преку дефинирање и спроведување на систем на мерки и акции за краткорочно, среднорочно и долгорочно планирање, утврдени со временска и финансиска рамка.
Како што истакна градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски со донесувањето на ЛЕАПот ќе добиеме стратешки документ со чие имплементирање ќе ги спроведеме нашите политики и активностите за заштита на животна средина, област во која ние како локална самоупва посветуваме особено внимание.
Работната верзија на ЛЕАПот ќе биде објавена на веб страна на општината www.ilinden.gov.mk, каде дополнително граѓаните ќе имаат увид на содржината на овој документ и ќе можат да дадат свои мислења, сугестии и предлози во однос на документот, по што истиот ќе се достави на разгледување и усвојување до Советот на Општина Илинден.