Граѓаните можат да помогнат со загадувањето на воздухот

Загадувањето на воздухот и надминувањето на концентрациите на ПМ 10 честичките над дозволеното и понатаму претставуваат проблем не само за Скопје, туку и за останатите градови низ државата. 

По надминувањето на дефинираниот праг на алармирање од 200 µг/м3 во вторникот повторно беа воведени вонредните мерки за намалување на аерозагадувањето, а веќе вчера беа укинати.

Дел од мерките е и бесплатниот јавен превоз во Град Скопје кој од вчера од 20 часот е повторно укинат.

И покрај расчистувањето на воздухот, од Град Скопје апелираат до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, а за затоплување на домовите да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци.