Граѓаните можат да аплицираат за субвенции за печки на пелети

Граѓаните на Скопје можат да аплицираат за субвенции за печки на пелети на огласот кој Градот Скопје го распша минатата недела.

 

Јавниот повик ќе трае до 30 ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Како што соопштија од Град Скопје повикот ќе се реализира по принципот ,,прв дојден, прв услужен”

Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, од Град Скопје информираат дека на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 7 јануари 2018 година до денот на завршувањето на повикот, Градот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.